Претстојниов викенд, на 20 и 21 април, во скопското кафуле ShortBus ќе се одржи Vintage/ Second hand Weekend Market, на кој ќе бидат достапни уникатни vintage & second hand модни парчиња. Зад настанот се неколку девојки кои водат online платформа за second hand продажба и може да ги најдете на Инстаграм профилот @second_hand_skopje. Повремено организираат распродажби како оваа во ShortBus, која ќе се случи во сабота и недела со почеток од 11 часот.
-Не сме единствени, ама целта ни е буквално ослобудување од старите парчиња и придонесување за реупотреба на старата облека наместо конзумеризам, па затоа и не сме визуелно конзистентни и секоја од нас си постира во свој стил со свои фотки. Продаваме сè, во зависност што сме ископале по дома или по другарки, па може да се најдат и комерцијални second hand парчиња, но и ретки винтиџ парчиња што ги нудиме по евтини цени, за да ги купат девојки што ќе ги сакаат и ќе ги износат фраерски. Така што викендов на лице место ќе може да се купат, да се комбинираат, луѓето да добијат идеја дека и ова може да биде лукративно бизнисче за млади луѓе, и е убаво и за заработка и за околината и за вмрежување и размена на облеки и идеи - ни рече Ана Ежова, една од девојките зад проектот.
Илустрација: Amar Kachar, @reddizajn
Нема коментари