Еден од најинтригантните дизајнери на денешницата и човекот зад брендот Off-White, Вирџил Абло, е назначен за креативен директор на машката колекција на „Луј Витон“. Моќната групација LVMH го избра еден од водечките креатори на streetwear сцената за прв човек за машка мода во еден од најстарите и најмоќни брендови во луксузниот бизнис. Абло во „Луј Витон“ доаѓа на местото на Ким Џонс, кој пак сега ќе ја креира машката колекција на „Диор“, уште една модна куќа од портфолиото на LVMH. Првата колекција на Абло за „Луј Витон“ ќе биде претставена во јуни годинава на Париската недела на машка мода.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари