• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
фото галерија 0

Колекцијата пролет-лето 2015 на Никола Петровски раскажана преку фотообјективот на Владимир Видановски

Од Ана Несторовска · На март 23, 2015

Nikola Petrovski - Pacific Paradise (1)

Приказната на колекцијата Moments Of Pleasure за пролет-лето 2015 на битолскиот дизајнер Никола Петровски е инспирација за новата фотосесијата Pacific Paradise на младиот фотограф Владимир Видановски. Тој ја прераскажа модната замисла на Петровски преку фотографии снимени со летно и тропско опкружување, кои премиерно и ексклузивно ви ги претставуваме на stylist.mk. Креациите од линијата, која креаторот  ја промовира на есенското издание на Моден викенд-Скопје во октомври 2014,  ги носат моделите Ивана Дуковска, Ана Јанкуловска и Александар Стојановски.

Nikola Petrovski - Pacific Paradise (2)

-Летото е моето омилено годишно време, исполнето со сите моменти на задоволство кои ми ги пружа, уживањето во природа, а посебно летните одмори: галењето на жешкото Сонце на плажа, топлите вечери поминати во друштво на блиските пријатели, чуството на слобода и мирот кој водата ми го дава, позитивната енергија со која се полнам за цела наредна година… Инспириран од овие моменти имав желба за фотосесија која би ја изработиле во природа, на автентични места… По самото прикажување на колекцијата на Mоден викенд-Скопје, во октомври минатата година, Владимир инспириран од колекцијата ми ја кажа неговата идеја за фотосесија, која до некаде беше блиска до она што јас го посакував… Бидејќи не брзавме со реализирањето на фотосесијата, имавме време да искристализираме како ќе го постигниме она што и двајцата го сакаме, а и да одлучиме кои ќе бидат другите двајца модели покрај Ивана Дуковска, која и на двајцата ни е на некој начин заштитно лице. Така, на крај изборот падна на Ана Јанкуловска и Александар Стојановски, а бидејќи не постоеше можност во зима да фотографираме на некоја тропска плажа, фотосесијата ја реализиравме во студиото на Владимир. За да биде резултатот автентичен и оригинален, како позадина на фотографиите Владимир ги искористи  моите фотографии кои беа и дирекна инспирација за колекцијата, фотографирани за време на некои мои летни одмори, а од кои дел публиката имаше можност да ги види како позадина на пистата на самото прикажување на колекцијата на Модниот викенд-Скопје  во октомври минатата година. Со доаѓањето на пролетта дојде и времето за објавување на фотосесијата како ново дело и за која се надеваме дека критиките повторно ќе бидат позитивни како што беа за претходната-вели Петровски.

Nikola Petrovski - Pacific Paradise (3)

Во исто време фотосесијата претставува и најава за новата колекција за сезоната есен-зима 2015/2016 која е во изработка, а која ќе биде прикажана на Битолската модна недела, која ќе се одржи од 16 до 19 април, по што ќе следува и нова фотосесија за истата. Креаторот открива дека и колекцијата за пролет-лето2015¸ за која е изработена фотосесијата Pacific Paradise, ќе биде прикажана и на модната недела во Битола. По неколку сезони континуирано претставување на Модниот викенд-Скопје, тој овој пат ќе паузира од учество.

Nikola Petrovski - Pacific Paradise (4)

-Претставувањето на Модниот викенд изминативе години беше едно позитивно искуство од кое не бев во план да се откажам. Но, значителното зголемување на сумата која треба да се плати за учество на истиот беше дирекна причина овој пат да се откажам од претставувањето, што не значи дека соработката со тимот на Моден викенд -Скопје е завршена. Интересно е што двајцата модели Вања Трампевски и Ивана Дуковска од Битола, кои јас ги промовирав на своите ревии на Моден викенд, овој пат се заштитни лица и на пролетното издание. Се надевам на повторно мое учество на наредните изданија, нормално во зависност од понудените услови и моите можности-вели тој.

Nikola Petrovski - Pacific Paradise (5)
Nikola Petrovski - Pacific Paradise (6)
Nikola Petrovski - Pacific Paradise (7)
Nikola Petrovski - Pacific Paradise (8)
Nikola Petrovski - Pacific Paradise (9)
Nikola Petrovski - Pacific Paradise (10)

Moments Of PleasurePacific ParadiseАлександар СтојановскиАна ЈанкуловскаБитолаВладимир ВидановскиИвана ДуковскаМоден викенд-СкопјеМодна недела во БитолаНикола Петровскипролет-лето 2015Скопје
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 фото галерија

    Отворен „Лаб дизајн маркет“ во „Лабораториум“ – нов изложбен простор на македонските дизајнери и занаетчии

  • 2 фото галерија

    Носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE – модниот настан на студентите на ТМФ омаж на Пикасо и шпанската уметност

  • 1 tmf revija фото галерија

    Автентичност тема на завршната модна ревија на студентите на ТМФ

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics