• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

Во филмот „Ефектот на среќа“ раскажуваме приказна за потрагата по среќа која им е заедничка на сите луѓе

Од stylist @StylistMKD · На ноември 15, 2017

Efektot na srekja 2

Повеќе од две недели екипата која работи на филмот „Ефектот на среќа“ (The happiness effect) во режија на Борјан Зафировски снима приказна за универзалната потрага по среќа на различни локации низ Скопје и Охрид, а во моментов се работат сцени во студиото на Fx3x. Главните ликови во ова остварување ги толкуваат: Дејана Попоска, Сашко Коцев и Ана Стојановска додека во останатите улоги се појавуваат Сара Анастасовска, Јовица Михајловски, Петар Арсовски и Мими Таневска. Покрај тоа што е режисер, Зафировски го напиша и сценариото во соработка со познатиот македонски драматург и писател Дејан Дуковски.
Дејството во „Ефектот на среќа“ е сместено во Македонија, но приказната е универзална и е поврзана со личната потрага по среќа и по смислата на животот што се прашања кои се заеднички за сите луѓе без разлика од каде доаѓаат.
- Работата на еден игран филм е макотрпен процес кој честопати трае со години. Долг е патот од идејата до реализацијата, но досега изодевме голем дел од тој пат. Задоволен сум од соработката со целата екипа и секако од актерите со кои комплетно се разбираме во тек на креативниот процес што е показател дека се приближуваме кон добар производ. Кога има разбирање, соработка и конструктивна размена на мислења, верувам дека успехот е неизбежен. Откако ќе завршиме со снимањето следува монтажа, постродукција и уште многу други сегмементи кои се клучни делови од создавањето на еден игран филм. Но засега сите наши сили се насочени кон тоа да снимиме добри сцени и да го извадиме максимумот – вели режисерот Зафировски.

Efektot na srekja 5

Ана Стојановска толкува една од главните улоги во филмот

„Ефектот на среќа“ е во продукција на „Ново Македонско Видео“, а најголемиот дел од буџетот е обезбеден од Агенција за филм на Република Македонија. Копродуценти се „Њу Момент“, „Видео Хаус анимејшн“, Национален центар за филм на Република Албанија и Центарот за филм на Косово.
- Со самиот факт дека во оваа приказна влегоа и Националниот центар за филм на Република Албанија и Центарот за филм на Косово, е доволен доказ дека е препознат потенцијалот на „Ефектот на среќа“. Земајќи ја во предвид универзалноста на приказната во која може да се пронајде секој човек како и квалитетот на производот околу кој уште од самиот старт не правиме никакви компромиси, веруваме дека ќе ни се отворат врати и за голем број на фестивали и кон интернационалниот пазар – истакнува продуцентот Сашо Пешев.

Efektot na srekja 4

Главната машка улога во „Ефектот на среќата“ ја игра познатиот актер Сашко Коцев

Главната машка улога во „Ефектот на среќата“ му припадна на познатиот глумец Сашко Коцев кој вели дека градењето на ликот на Игор му било предизвик.
- Сакам да влегувам во проекти во кои ќе пробам нешто ново и ќе ми претставуваат актерски предизвик. Овој проект влегува токму во таа категорија. Задоволен сум од тоа како досега тече процесот, атмосферата на снимањето е релаксирана поради што сме попродуктивни и конструктивни во работата. Се надевам дека така ќе остане до последниот ден на снимање и ќе добиеме производ од кој сите ќе се гордееме – посочува Коцев.
Како дел од активностите врзани со филмот „Ефектот на среќа“ на социјалните мрежи (Facebook, Instagram, Twitter) е отворен повик до сите заинтересирани да постираат видео или фотографија од тоа што ги прави среќни и притоа да го искористат хаштагот #TheHappinessEffect. Најдобрите видеа/фотографии ќе се појават во филмот режиран од Борјан Зафировски.
Снимањето на „Ефектот на среќа“ ќе продолжи и во следните 10-ина дена на различни локации во Скопје.

Efektot na srekja 3

Снимањето на „Ефектот на среќа“ ќе продолжи и во следните 10-ина дена на различни локации во Скопје

Efektot na srekja 1

Efektot na srekja

Fx3xЈовица МихајловскиАна СтојановскаБорјан ЗафировскиДејан ДуковскиДејана ПопоскаМими ТаневскаОхридПетар АрсовскиСара АнастасовскаСашко КоцевСашо ПешевСкопје„Њу Момент“„Видео Хаус анимејшн“„Ефектот на среќа“„Ново Македонско Видео“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • honeyland (3) филм

    Изјава за медиуми од екипата на „Медена земја”

  • Sceni od filmot Vrba филм

    Американската премиера на „Врба“ на Манчевски крунисана со награда за најдобар филм на фестивал во Калифорнија

  • 54175d09-770a-479e-b776-2bc7ba122f41 филм

    КИНЕНОВА ги додели наградите на најдобрите филмови на фестивалот

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

    јануари 25, 2021
  • katarina ivanovska (1)

    Катарина Ивановска на насловна на српски Elle

    јануари 25, 2021
  • ??????????

    Берни Сандерс го претвори своето меме во дуксер за да собере пари за добротворни цели

    јануари 25, 2021
  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics