„Ги сакам сите 365 дена со тебе“ порачува креативното студио „Преплет“ на еден свој дизајн и тоа нека биде порака дека треба се љуби преку целата година, а Денот на вљубените нека биде само потсетување на таа љубов… Последниве години некако го прифативме празнување на Св.Валентин, па македонските брендови се посветуваат на креирање мода и предмети во знакот на црвената боја и срцето. Но, да не го заборавиме и нашиот Св. Трифун, па заедно да ги прославуваме и љубовта и виното. Следниов избор се дел од дизајните направени во знакот на љубовта и виното, а се со потпис на домашни автори.
Брендот „Алшар“ деновиве ја продава колекцијата Valentine, во чест на љубовта и виното, во која има креаации со црвени и виолетови тонови, а дизајнерката Силвија Михајловска ве кани на празничко честење на 11, 13 и 14 февруари во нејзиниото ателје.
Valentine’s Day – До каде сте со поклоните? - прашува брендот за накит Mighty Jewelry
Дизајнерката Антонија Ристовска за празникот на љубовта предлага подарок за неа и него – свилена марама и пеперушка
Брендот Dreadpen порачува „Не биди лигав за валентајн, избери кул подарок!“
Во знакот на љубовта и во слаткарницата „О ла ла“
Креативното студио „Преплет“ од денеска на нова локација и по тој повод организира дружење наречено „Повторно заљуби се“
Срценцата на Farina’s handmade
Љубовните честитки на Millow се однесуваат и на Свети Трифун
Ивана Кнез ви нуди „Драма“ во име на љубовта
Нема коментари