Во рамките на Њујоршката модна недела американското издание на Vogue го прослави својот 130-ти роденден и организира посебен настан со свечена модна ревија именувана Vogue World. Ревијата се состоеше од креации од колекциите за есен-зима 2022/23 на Баленсијага, Диор, Валентино, Луј Витон, Гучи, Прада, Барбери и други модни имиња. Како модели на ревијата се појавија манекенки од повеќе генерации, меѓу кои и супермоделите Хелена Кристенсен, Шалом Харлоу, Амбер Валета, Карли Клос, Бела Хадид, но и познати личности од разни сфери – Серена Вилијамс, Михаил Баришњиков, Ерика Баду и Lil Nas X.
Нема коментари