Откако Фиби Фајло си замина од позицијата креативен директор на модната куќа Celine во 2017 година, модниот свет без здив го чекаше нејзиното враќање. Фајло и нејзината работа во Celine ги воодушеви жените кои преферираат минимализам и чисти линии, а некои од колекциите и модните додатоци што таа ги креира станаа иконични. По заминувањето од Celine се шпекуираше дека ќе дизајнира за луксузната модна куќа Alaïa (некои извори ја поврзуваа со Burberry и Chanel), но според WWD Фајло се одлучила да фомира сопствен бренд.
Наводно, како што тврдат изворите, Фајло работи на нова колекција со фокус на еколошка одржливост и зачувување на животната средина, и наводно на својата линија работела уште од период кога ја напушти позицијата во Chloé вo 2006 година. Засега нема никаква потврда или коментар од страна на Фиби. Иако можеби се само гласини, веста за враќањето Фалјо на модната сцена ги израдува нејзините оожаватели, кои не можат да ја прежалат нејзината работа во Celine и сè уште објавуваат нејзини модели на Инстаграм под ознаките #oldceline и #phoebephiloforever. Всушност, дури и гласините за новиот бренд на Фајло се возбудливи, во исчекување сме на потврдени информации за нејзиниот следен чекор во модата.
View this post on Instagram
The wait is (almost) over — cult designer #PhoebePhilo is reportedly on the brink of starting her own “signature design project that has an eco slant and an essentials focus”, revealed @wwd. . Two years after stepping down from @celine (and taking a break from the fashion industry), her probable comeback sounds like a relief to every Philophiles. Rumors say that she could either return with her own eco-conscious label, or step into a role at fashion house #AzzedineAlaia. . by Andrea Spotorno. #JALOUSEmag A post shared by JALOUSE Magazine (@jalousemag) on
Нема коментари