• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Време е за осумдесеттите, време е за Моден викенд-Скопје

Од stylist @StylistMKD · На март 23, 2016

Време е за осумдесеттите!

Тринаесет модни ревии, презентации на нови брендови и забава под маски се само дел од програмата на тринаесеттиот Моден викенд Скопје кој ќе се одржува од 1 до 4 април под мотото „Да живеат осумдесеттите!“.

Ревискиот дел кој ќе се одржува од 1 до 3 април во салонот „Порше Македонија“ ќе го отвори дизајнерката Росица Мршиќ со колекција инспирирана од женските ликови од портретите на сликарот Амадео Модилјани. Истата вечер на 1 април, ревии ќе имаат и дизајнерките Олгица Ѓоргиева со парчиња облека кои ги следат светските модни трендови споени со нејзиниот веќе познат стил и Силвија Михајловска (модно ателје „Алшар“) поддржана од „Скопско“. Колекцијата на Михајловска наречена „Sakura (In)Fusion“ ќе биде надополнета со рачно изработен накит инспириран од колецијата, а дизајниран од Елена Ристовска. Веднаш по ревиите во „Порше Македонија“ ќе следува и забава под маски со музички хитови од осумдесеттите.

Вториот ден ќе започне со групна ревија на студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет на РМ, на тема „Шари и текстури“. За прв пат на настанот ќе се претстави дизајнерката Тијана Младеновиќ од Србија, која доаѓа преку соработката на Моден викенд Скопје со српската модна организација „БАФЕ“. Следуваат ревиите на модната куќа „Линеа“ и брендот Elezi Paris чии креации ги потпишува дизајнерката Флора Елези од Париз. Елези која има македонско потекло дипломирала на престижниот универзитет Сорбона. За крај на втората вечер ќе ја видиме колекцијата на Ирина Тошева поддржана од My:Time и Министерството за култура на РМ. Колекцијата која Тошева ја изработи во соработка со архитектот Никола Кунгуловски, ја екстрахира геометријата на највпечатливите везови од минатите столетија.

Последниот ревиски дел ќе го отвори групна модна ревија на косовските дизајнерки Флутура Дедиња и Јилка Брада која пред македонската публика ќе се претстави за прв пат. Дизајнерките се поддржани од „КАМА“ и USAID EMPOWER. Најновата колекција на JZJ by Zlatko Jovanovski која го носи името JZJ’S Kingdom веднаш по ревијата ќе биде пратена во Лондон кадешто креациите ќе бидат достапни во салон од кој најчесто креации изнајмуваат ВИП личности. Третиот ден ќе ја видиме и Bocho Chic колекцијата на дизајнерот Никола Петровски со која годинава одбележува 20 години од својата прва ревија – поддржана од „ПроМедикаЕстетик“ и ревијата на SIGMA Jewelry кои се познати по уникатниот накит. Тридневното ревиско случување ќе го затвори познатата дизајнерка Лидија Георгиева.

Последниот ден на Моден викенд Скопје, 4 април е резервиран за отворањето на новото ателје на дизајнерката Мила Кадриу.

Во фоајето на „Порше Македонија“ ќе бидат изложени и моделите на Farina’s handmade, Fashion&Friends кои ќе презентираат инсталација наречена Fashion Herbarium во која впечатливите парчиња од тексас и модните додатоци се прикажани во форма на моден хербариум испреплетени со природни елементи – дрво, зеленило и цветови. Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа-Бу“ ќе претстави ексклузивен фустан изработен од свежо цвеќе.
„Пакомак“ и Моден викенд ја продолжуваат грижата за природата па така и овој пат сите печатени материјали ќе бидат на рециклирана хартија.
Генерален покровител и официјална вода на настанот е минералната вода „Пелистерка“. Официјален кафе-партнер на тринаесеттиот Моден викенд Скопје е „Гранд Кафе“.

Официјален партнер за шминка сезонава е Golden Rose во соработка со Зоран Шурбевски, а за фризурите ќе се погрижи Lakme како официјален партенр за фризура. Официјалниот дерма бјути партнер е Vichy. Официјално возило на настанот е Porsche, официјално вино е Chateau Sopot , шампанско Moet, а официјална водка Finlandia. Партнер кој се грижи за нашето здравје Merz. „ Ла Тана“ – новиот ресторан за свадбени веселби е нашиот стар кетеринг партнер.

Fashion Weekend SkopjeJZJ by Zlatko JovanovskiЈилка БрадаАлшарЕвропскиот универзитет на РМЕлена РистовскаИрина ТошеваЛидија ГеоргиеваМила КадриуМоден викекд-СкопјеНикола ПетровскиОлгица ЃоргиеваРосица МршиќСилвија МихајловскаТијана МладеновиќФлора ЕлезиФлутура Дедиња„Линеа“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ?????????????????????????? моден монитор

    32 сезони подоцна: Модата како културна архитектура

  • 1 8martovski bazar моден монитор

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

  • sienna моден монитор

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1rosica

    Vivid Echoes: Новата колекција на Росица Мршиќ ја позиционира модата на пресекот меѓу уметноста, архитектурата и одржливиот дизајн

    март 9, 2026
  • ??????????????????????????

    32 сезони подоцна: Модата како културна архитектура

    март 9, 2026
  • 1 8martovski bazar

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

    март 3, 2026
  • sienna

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

    март 3, 2026
  • ??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

    март 3, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics