Актерките Винона Рајдер и Елизабет Олсен се појавуваат во видеокампањата на брендот H&M за пролет 2018, снимени во локално кафуле во Буенос Аирес. Олсен игра танго во малку меланхолично расположение додека не е прекината од побрз ритам и го откриваат живописниот и шарен свет на улиците на градот заедно со пејачката Андреа Вал и манекенките Адреа Дионаку, Ана Еверс, Иман Хамам и Наоми Шимада. Модното видео ја слави силата на жените и нивното пријателство, додека се промовира пролетната колекција која е забавна, женствена и полна со бои и шари. Актерките и манекенките се појавуваат и во принт кампањата.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари