Актерката Винона Рајдер, во моментов актуелна со ТВ серијата Stranger Things, се појавува во модната кампања чантата J Marc на Марк Џејкобс. Актерката и дизајнерот подолго време соработуваат, сега Винона ги промовира неколкуте верзии на чантата J Marc, а со модните фотографии на кои позира во стари модели на Џејкобс, нѐ врати во гранџ-ерата од 90-тите години. Дополнителниот стајлинг со кратката коса и шминката, исто така е омаж на модата од 90-тите.
Нема коментари