Модната куќа „Ив Сен Лоран“ ќе го отвори привремениот хотел YSL Beautè во квартот Сохо во Њујорк, на 8 и 9 септември, термин што се поклопува со одржувањето на Њујоршката модна недела. Да, ова е всушност голеа и спектакуларна поп-ап продавница во вид на хотел и да, трае само два дена. Слични поп-ап хотели YSL отоври во лани во Париз и неодамна во Хонг Конг, ред е во Њујорк да претстави урбан простор на пет ката постветен на козметиката на YSL и кој како да е создаден за Инстаграм.
Секоја соба на поп-ап хотелот е посветена на некој нов производ на YSL Beautè, како на пример кармините Rouge Pur Couture The Slim или парфемот Black Opium за кој заштитно лице е Зое Кравиц и чиј мирис ќе се чувствува низ целиот простор.
Хотелот ќе биде уреден со неонски светла и со логото YSL, во фоајето ќе огромни пурпурно виолетови софи, потоа YSL Beauty Café на кровот, внатрешен базен, а ќе бидат организирани работилници за парфеми и шминка. Како отприлика ќе изгледа хотелот YSL Beautè, погледнете од последниот поп-ап хотел во Хонг Конг што беше поставен минатата недела.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари