• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
шминка-фризура 0

Залижаната фризура ја истакнува женственоста

Од stylist @StylistMKD · На декември 9, 2013

Роузи Хантингтон Витли

На минатонеделното доделување на Британските модни награди еден од највпечатливите модни моменти беше фризурата на актерката и некогашен модел, Роузи Хантингтон Витли. Залижаната коса, која можеби повеќе потсетува на имиџ што треба да се носи во летнот период и на плажа, сепак е најголемиот предновогодишен хит меѓу ѕвездите. Наназад исчешланата, замастена или мокра фризура повеќе се поврзува со машкиот изглед, но очигледно има одличен прием кај дамите и ја истакнува женственоста.

Фризерот на Роузи, Џорџ Нортвуд, кој се погрижи атрактивната девојка да изгледа моднерно на сите нејзини појавувања на црвениот килим изминатите неколку сезони, објаснува зошто се одлучиле за оваа фризура на Британските модни награди.
- Роузи сакаше архитектонска форма на косата, што ќе ги дополнува чистите линии на целосниот имиџ. Овој фризерски стил е позајмен од ревиите на „Прада“ од пред неколку сезони, но ние го средивме со сјаен финиш, што е спротивно на влажни изглед, кој е многу поекстремен. Мислам дека така треба да изгледа една вечерна модерна фризура, залижана, без притоа од нејзе да се цеди вода или восок. Помалку е повеќе-вели Џорџ.

На прашањето како ја изведе фризурата, тој открива дека подготовките почнале уште кога косата била мокра, тазе измиена. Нанесол спреј за сјајна коса, з потоа со фен и со чешел со густи запци ја чешлал и сушел наназад. Мазнењето го постигнал со рачката на чешелот. Откако косата била сува ја финиширал со уште малку лак.
Фризурата изгледа елегантно, модерно и скулпторски. Лесна е за изведување, а нема да се грижите дали ќе се измести во текот на ноќта. И самиот фризер вели дека убавината лежи во тоа што со нејзе може да се покажат шминката, накитот и убавите контури на лицето.

Леа Мишел на насловната на Elle

Со залижаната коса на црвениот килим изминативе неколку месеци ги видовме Рита Ора, Џенифер Лоренс, Мајли Сајрус, Кара Делевињ. Се имаат појавено и Клер Дејнс, Меган Фокс,Кери Мулиган и Лејтон Местер. Леа Мишел, која е една од промотерите на овој изглед, со ваква фризура се појави и на насловната страница на Elle.

Катарина Ивановска (средина) и манекенките на ревијата на Никола Петровски

Кај нас оваа фризура ја промовира топ-моделот Катарина Ивановска, а беше применета и во стајлинзите на манекенките на ревијата на Никола Петровски на есенското издание на Модниот викенд-Скопје.

Британските модни наградиКатарина Ивановскатрендовифризура
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • islandgirl шминка-фризура

    Island Girl Makeup– ТикТок тренд на шминкање инспириран од исончаниот и блескав тен на островските девојки

  • holiday-glam-makeup шминка-фризура

    Видео туторијали со предлози за новогодишна шминка

  • latte-make-up шминка-фризура

    Latte Make Up – летен тренд на шминка во природни и бронзени тонови

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics