• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Замина зачетникот на уличната модна фотографија Бил Канингам

Од Катерина Трајановска · На јуни 27, 2016

1 cunningham

„Најдоброто модно шоу е на улиците, секогаш било така и така ќе остане“ сметаше Бил Канингам, легендарниот њујоршки фотограф кој почина во саботата на 87-годишна возраст. Харизматиниот творец на уличната модна фотографија скоро до последен момент правеше фото-хроника на стилот на улиците за својата колумна On the Street во престижниот весник New York Times. Скоро до последен момент секое утро се качуваше на својот велосипед, облечен во сина јакна и со фотоапаратот закачен околу вратот ги шеташе улиците на Њујорк во потрага по ликови со изграден и впечатлив стил.

2

Години и децении пред Скот Шулман (The Sartorialist) и Иван Родич (Face Hunter), многу пред интернетот и блогерите, постоеше Бил Канингам, човекот кој ја создаде уметничката форма на модната улична фотографија. Со право се смета за оригинален фотограф на улична мода, и секако личност кој њујоршките улици ги претвори во модна писта. Низ својот објектив ја раскажа визуелната историја на Њујорк во последните четири децении колку што фотографираше за New York Times, а со белешките од улицата комплетно го смени сфаќањето за модна фотографија.

На You Tube може да го гледате документарниот филм Bill Cunningham New York

„Не ме интересираат познатите и нивните гратис-фустани, ме интересира облеката“, вели Канингам во документарниот филм посветен за него Bill Cunningham New York, снимен во 2010 година. Не му беше важно дали се богати и познати, или обични минувачи на улиците на Њујорк, дали носат скапоцена или евтина облека, важно му беше личностите пред својот објектов имаат смисол за стил. Покрај анонимните ликови, редовно ги фотографираше влијателните во модата, а Ана Винтур во документарецот вели дека ја следел скоро цела нејзината кариера.

ана винтур во 80с

Ана Винтур во 80-тите

Роден во 1929 година во Бостон, Канингам во 1948 ги напуштил студиите на Харвард и се преселил во Њујорк, каде што работел како дизајнер на шапки и во полето на адвертајзинг, пред да замине во американската армија. По епизодата со армијата се враќа во Њујорк, каде што почнал да пишува модни текстови за Chicago Tribune. Наскоро се префрлил на фотографија, и едноставно почнал да фотографира луѓе на улица. Во перидот од 1968 и 1976 година направил серија на фотоесеи на модели облечени во историски костими и фотографирани пред историски места, а во 2014 година New-York Historical Society објави фотографии што Канингам ги направил многу пред да знаеме што е улична фотографија. Сите во модниот бизнис го познаваа Бил. „Повеќе од било кој друг во градот, тој ја има целата визуелна историја во последните 50 години во Њујорк. Тоа е вкупниот опсег на модниот живот на Њујорк“, изјави своевреме дизајнерот Оскар де ла Рента“.

f2640f0591765ac7ef4216fddb0cba41

На почетокот беше дизајнер на шапки…

Канингам четири децении работеше за New York Times, но имаше авторско право на своите фотографии, како и право сам да одлучува кои фотографии ќе бидат објавени и ако ќе изгледа колумната. Живееше на малку невообичаен начин – во мал стан истовремено и негово ателје во згрдата на Карнеги Хол, станче без купатило и кујна и преполно со фиокари и ормарчиња со негативи. Не го интересираа скапоцените работи, сметаше дека парите се најевтината, а слободата најскапата работа во светот.

По веста за смртта на Канингам се огласија градоначалнкот на Њујoрк Бил дe Бласио, уредниците на New York Times, бројни модели, фотографи дизајнери и суперѕвезди. „За кого сега ќе се облекуваме?“, прашуваат Њујорчани.

15

Бил ја фотографира Франка Соѕани, уредничката на италојански Vogue

3

4

Чоковекот сина јакна со фотоапаратот и велосипедот – препознатлива фигура во Њујорк

5

6

Иазбела Блоу и Карин Ројтфелд пред објективот на Бил

7

Seen Around Lincoln Center - Day 6 - Spring 2013 Mercedes-Benz Fashion Week

9

Оливија Палермо

10

11

Неколку години работеше на проект со модели облечени во историски костими и фотографирани пред историски места во Њујорк

12a

13

14

Со Ана Винтур

 

New York TimesБил Канингамулична модаулична фотографијаФотографија
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • united fashion showroom моден монитор

    Oбединети балкански дизајнери на шоурум со триесет европски брендови

  • my time (5) моден монитор

    Фотосесија Watercolor на MY:TIME со фокус на часовникот G-Shock

  • 1 моден монитор

    Минималистички стајлинзи во црна боја за оваа преодна сезона

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ana de armas

    Францускиот боб на Ана де Армас најавува еден од трендовите на фризури за 2021

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • iris van herpen

    Iris Van Herpen: Roots of Rebirth Collection

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • united fashion showroom

    Oбединети балкански дизајнери на шоурум со триесет европски брендови

    февруари 26, 2021
  • my time (5)

    Фотосесија Watercolor на MY:TIME со фокус на часовникот G-Shock

    февруари 25, 2021
  • 1

    Минималистички стајлинзи во црна боја за оваа преодна сезона

    февруари 25, 2021
  • roksanda

    Три генерации жени од семејството на Ванеса Редгрејв во видео на Роксанда Илинчиќ

    февруари 25, 2021
  • 1 mango

    Mango во пролетно расположение со светли тонови и шармантни базични парчиња инспирирани од Медитеранот

    февруари 25, 2021

Убавина

  • ECNERIN UreaRepair

    Уреа – ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа!

    февруари 24, 2021
  • BeautyFridge

    Кои козметички производи треба да ги чувате во фрижидер

    февруари 11, 2021
  • dior rouge (1)

    Натали Портман во новата кампања за кармините на Dior

    февруари 2, 2021
  • 1 guerlain

    GUERLAIN: Ајде да зборуваме за природна убавина

    јануари 28, 2021
  • EUCERIN Hyaluron_Filler_Skin_Refining_Serum

    Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење

    јануари 27, 2021

Живот

  • Baked-Feta-Pasta

    ТикТок рецепт: Тестенини со потпечено фета сирење

    февруари 18, 2021
  • maldivi

    Хотелот Waldorf Astoria на Малдиви има најдобра Инстаграм содржина според Forbes

    февруари 17, 2021
  • chloe ting

    ФИТ ФОРМА: Вежби за тенок струк и заоблен задник

    февруари 16, 2021
  • Iqos 4 (1)

    IQOS – алтернатива за возрасните пушачи развиена врз база на научни докази

    февруари 8, 2021
  • nikotin 2

    Зошто пушиме – навика, зависност или да се биде во тренд?

    февруари 3, 2021

Култура

  • vanity fair (1)

    Светот на фантазијата во холивудското издание на Vanity Fair

    февруари 24, 2021
  • daft punk

    Крај на една музичка ера – Дуото „Дафт Панк“ најави разделба преку видео

    февруари 23, 2021
  • Emma-Stone-Red-Dress-in-Disney-Cruella-Trailer

    Ема Стоун како Круела де Вил – амбициозна дизајнерка со панк-рок стил

    февруари 19, 2021
  • Deva-Cassel-covers-Elle-France-February-5th-2021

    Дева Касел ја наследила безвременската убавина на нејзината мајка Моника Белучи

    февруари 10, 2021
  • zoki poki (1)

    ТВ-серијата „Зоки Поки” ќе се емитува на Шведската национална телевизија „SVT”

    февруари 9, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics