Модниот бренд Зара ќе лансира прва комплетна колекција на долна облека, со преку 150 видови на парчиња како градници, гаќи, маици, пижами, бодија, хеланки и додатоци како маски за спиење и кашминрни чорапи. Оваа колекција се базира на удобност и лежерен пристап, но и на префинетост и женственост.
Удобноста ќе остане клучна во догледна иднина, но не на сметка на стилот. Во текот на изминатите месеци, многу дизајнери се прилагодија на новото нормално, потпирајќи се на дизајни што ѝ даваат приоритет на удобноста, исто како и софистицираноста. Зара се приклучува на овој тренд и за првпат претставува широка палета на долна облека.
Зара истражува широк спектар на долна облека и таканаречена loungewear (лежерна облека за по дома), oд етерични комплети за градник и долна облека, пријатни плетени и секојдневни маици, пењоари и пижами, направени од материјали како кашмир, свила, памук и нежна чипка.
Нема коментари