Модниот бренд Зара ја претстави својата Dot колекција во која главен мотив се точките. Овој принт се очекува да биде хит, бидејќи „туфните“ со децении се еден од најпосакуваните трендови и нема причина да не ги носиме и сезонава. Облеката со точки е истовремено едноставен за комбинирање, особено во минималистичката црно-бела варијанта, но во исто време и ефектна и впечатлива.
Зара ја претставува својата лимитирана Dot Colletion, која содржи здолништа, фустани, панталони, кошули и палта со точкаста шара. Точките се од ситни до крупни, најчесто црни на бела основа. Овие парчиња и комбинациите што брендот ги предлага се идеални за крајот на летото и за претстојната есенска сезона.
Нема коментари