Во светот постојат повеќе од 2.100 продавници на шпанскиот моден бренд „Зара“ распоредени во 88 држави, брендот има статус на еден од најпродаваните и највредни во светот и можност да развие и испорача нови модни парчиња во рок од само две недели, па на толку грандиозни моменти, време беше да го отвори својот најголем бутик до сега. Сместен во Мадрид, новиот „Зара“ бутик има неверојатни 6.000 квадратни метри! Во овој нов моден храм на четири ката распоредени се женската, машката и детската колекција. Продавницата е сместена во модерна зграда која функционира по еколошки стандарди, а во внатрешноста доминира бела боја поради што имате чувство како да сте во уметничка галерија, во која главна улога ја имаат шарите и боите од облеката. Бутикот е опремен со најнапредна технологија, вклучувајќи мобилно наплаќање и паметни гардероби. Ако планирате патување во Мадрид, еве ја адресата на овој бутик – Paseo de la Castellana, 79.
Нема коментари