Црн фустан е секогаш добра идеја, па го предлагаме овој модел на Зара, кус модел со впечатлив срцевиден изрез кој допринесува за погламурозен изглед. Одличен е за некоја вечерна или свечена пригода, се комбинира со високи сандали со ремчиња, мала чанта, долги обетки или впечатлив ѓердан, а за потрендовски изглед, модните додатоци нека бидат во една или повеќе интензивни бои.
Овој модел на фустан потсеќа, некои и би рекла дека е скоро идентичен, на креацијата од haute couture колекција на модната куќа Валентино. Дизајнерската креација на Валентино веројатно чини илјадници евра, но верзијата на Зара е доста подостапна – 1.990 денари.
Нема коментари