Модниот бренд Зара претстави колекција наменета за идните невести, но не се работи за венчаници, туку за линија на долна облека и пропратни детали со винтиџ естетика и романтични моменти. Оваа специјализирана линија содржи долна облека што невестите ќе ја носат под венчаницата, како корсети, градници, килоти, потоа облека што ќе ја носат за време на подготовките за свадбата како сатенска наметка, парчиња за „спиење“ како мини и макси ноќници со изглед а слип-фустани и пижами со детали од тантела, како и влечки, сандали и венчиња за коса. Некои од моделите се наведени како фустани, како избор за оние што сакаат да ги избегнат раскошните и гломазни венчаници… Може ли наскоро да очекуваме дека Зара ќе претстави посебна линија на венчаници?
Нема коментари