Модниот бренд Зара нѐ изненади одушеви со новата Narciso Rodriguez x Zara колекција, модна соработка со познатиот американски дизајнер Нарцисо Родригез, препознатлив по минмалистичката естетика и чистите архитектонски форми. Оваа колекција е инспирирана од архивските и иконични дизајни на Родригез и го следи минимализмот во неговиот израз. Токму минималистичкиот стил е вкопен во колекцијата која содржи 25 модни парчиња – слип-фустани, елегантен капут, добро скоени панталони, макси здолништа, фустани со рамен крој, комбинезони и чевли. Боите се неутрални и загасити, но затапена е и црвената. Заштитно лице на кампањата за оваа колекција е Наталија Водјанова, а фотографиите ги направи Крег Мекдин.
Нема коментари