Еден од најголемите трендови оваа пролет, џинс-парчињата, се во фокусот на новиот lookbook на „Зара“. Од шпанскиот моден бренд предлагаат како да ги носите џинс-креациите понудени во колекцијата пролет-лето 2015. Застапени се фармерки, целосни фармерки, тексас кошули, здолништа, фустани и јакни во неколку нијанси. Покрај нивната удобност, тие се едни од моделите најлесни за комбинирање, а од „Зара“ охрабруваат да носите истовремено и неколку џинс-модели.
Нема коментари