Викендов заврши четвртото издание на Fashion & Lifestyle Expo – единствениот настан кај нас кој ја слави уметноста, неконвенционалноста и убавината на живеењето.
Фоајето на МОБ уште еднаш беше збогатено со сублимација од пријатни звуци, визуелни ремек-дела, значајни дискусии, иновативни производи и секако – луѓе кои зрачеа со позитивна енергија! Го видовме #Градот со нови очи – проследивме голем број модни ревии, перформанси, креативни работилници, едукативни презентации и важни дискусии.
Она што несомнено го одбележа ова издание беше натпреварот Driven By Design, спонзориран од Korea Auto Trade. Имавме можност да бидеме дел од едно поинакво модно доживување – секој присутен доби право на глас во изборот за најдобра модна креација од 15-те извонредни модели кои продефилираа на шармантната модна ревија. Стручното жири и публиката својата доверба ја дадоа на првонаградената Евгенија Зафировска, второнаградената Тања Димова и третонаградениот Марјан Бебекоски.
Ви пренесуваме дел од амбиентот на четвртото издание на Fashion & Lifestyle Expo.
Нема коментари