• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

Збрка на „Оскарите“ – „Ла ла ленд“ по грешна прогласен за најдобар филм, “Месечевата светлина“ вистински победник

Од stylist @StylistMKD · На февруари 27, 2017

oscar 2017
Завршницата на секое доделување на филмските награди „Оскар“ е во знакот на прогласување за најдобар филм како главна награда, на овогодинешното доделување во финишот беше направена збрка и наместо победникот „Месечевата светлина“ (Moonlight), презентерите Ворен Бити и Феј Данавеј направија грешка, ја прочитаа информацијата од погрешен плик и објавија дека „Ла ла ленд“ е најдобар филм. Откако тимот на „Ла ла ленд“ се качи на сцената да ја прими златната статуетка и започна да се заблагодарува, воочено е дека е направена забуна и „Месечевата светлина“ е прогласен за најдобар филм на 89-тото доделување на „Оскар“.

Сето ова предизвика непријатност кај тимот на „Ла ла ленд“ кој оддеднаш се најде на сцена со вистинскиот победник, а по целата збрка и мешаница продуцентот Џордан Хорвиц откако го покажа вистинскиот плик со името на вистинскиот победник, ја предаде наградата на творците на „Месечевата светлина“. Според американските медиуми ова е прв пат во историјата на „Оскарите“ да се направи грешка при читањето на победникот во оваа категорија.

moonlight

Тимот на Moonlight, продуцентите Џереми Клајнер и Адел Романски со режисерот Бери Џенкинс

„Месечевата светлина“, приказна за растењето и справувањето со светот на едно младо црно момче од Мајами, е првиот филм од независната продукција што е добитник на главната награда на „Оскар“, а еден од актерите на филмот, Махершала Али, е првиот Муслиман прогласен за најдобар во категоријата машка споредна улога.

oscar 2017 (5)

Махершала Али, Ема Стоун, Виола Дејвис и Кејси Афлек се најдобрите актери на „Оскар 2017“

Филмот „Ла ла ленд“ кој со 14 номинации се сметаше за најголем фаворит на овогодинешните „Оскари“, во конечницата освои 6 статуетки, од кои Демјан Шазел доби награда за најдобар режисер, со што стана најмладиот режисер што победил во оваа категорија, а Ема Стоун е најдобра актерка за улогата во овој мјузикл. Во категоријата за најдобар актер победи контроверзниот Кејси Афлек за „Манчестер покрај море“. Инаку Афлек не е толку омилен меѓу публиката поради судењето за наводни повеќекратни сексуални напади. Виола Дејвис е најдобра актерка во споредна улога за „Огради“. Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е иранскиот „Продавачот“ на Асгар Фархади, кој не се појави на доделувањето на „Оскарите“ поради забраната на Доналд Трамп за влез на Муслимани во САД, а повеќето филмаџии од Холивуд пратија повеќе политички пораки со критика на работењето на актуелниот американски претседател.

oscar 2017 (2)

Ема Стоун најдобра актерка за улогата во „Ла ла ленд“

oscar 2017 (1)

Кејси Афлек доби „Оскар“ за улогата во „Манчестер покрај море“

La la LandMoonlightВиола ДејвисЕма СтоунКејси АфлекЛа ла лендМахершала АлиМесечевата светлинаОскарОскар 2017филмфилмски награди
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • honeyland (3) филм

    Изјава за медиуми од екипата на „Медена земја”

  • Sceni od filmot Vrba филм

    Американската премиера на „Врба“ на Манчевски крунисана со награда за најдобар филм на фестивал во Калифорнија

  • 54175d09-770a-479e-b776-2bc7ba122f41 филм

    КИНЕНОВА ги додели наградите на најдобрите филмови на фестивалот

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 3

    Црната боја е кралица на зимската мода – како да ја носите и да не изгледате монотоно

    јануари 22, 2021
  • WebinarD4C_Macedonia (1)

    Вебинар за циркуларна економија во текстилната и модната индустрија во Европа

    јануари 22, 2021
  • 1

    Шик комбинации во чоколадни нијанси

    јануари 21, 2021
  • mirjana josifoska

    Промоција на колекцијата „Спомен на еден град“ на Мирјана Јосифоска

    јануари 21, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics