Младата Зендаја повторно потврди дека е модна икона на новото време, низата на успешни комбинации на црвениот килим ја продолжи со модниот избор од вчерашната премиера на новиот филм за Човекот-пајак, Spiderman: No Way Home.
За да му оддаде чест на филмот Зендаја носеше слип-фустан на Валентино на кој со црна мониста е извезен мотив на пајакова мрежа. Фустанот специјално за неа го креираше дизајнерот Пјер Паоло Пичоли, кој е креативен директор на модната куќа Валентино. За комплетен впечаток, Зендаја во еден момент носеше и црна маска на лицето од тантела и мрежаста ткаенина, а која ја имитира маската на Спајдермен.
Нема коментари