Еве како изгледа кога ќе се спојат двете модн-козметички соработки на Зендаја – едната со Томи Хилфигер, другата со козметичкиот бренд Lancôme. Имено, Зендаја е амбасадор на Томи Хилфигер и со американскиот дизајнер соработуваше на линијата TommyXZendaya. Од есенската колекција на оваа линија е и овој миди фустан со точки, кој Зендаја го носеше на њујоршката промоција на новиот парфем на Lancôme наречен Idole. Таа е заштитно лице и музата на парфемот, и се појавува во рекламната кампања.
Софистицираниот фустан од шифон е украсен со точки во разни димензии, има миди должина и полутранспарентни ракави. Потсетува на стилот од 70-тите, а е стилизирин со високи чизми. Оваа комбинација на Зендаја лесно може да ни стане омилената за есен 2019!
Нема коментари