Младата и талентирана актерка и пејачка Зендаја која важи и за модерна модна икона, се појавува во пролетната кампања на италијанската модна куќа Валентино, чие заштнитно лице е од пред две години. Во видео и фотокампањата за пролет-лето 2022 наречена Rendez-Vous, осмислена од креативниот директор на куќата Пјерпаоло Пичоли, таа позира во студиото на Ворнер Брос во Лос Анџелес, облечена во вибрантни комбинации во интензивни нијанси на магента, зелена и жолта, а стилизирани од нејзиниот личен стилист Лоу Роач. Фотографиите се на Мајкл Бејли-Гејтс, на видеото работеа Марсел Рев и Скот Сакамото. Зендаја (25) во моментов е актуелна со втората сезона на серијата „Еуфорија“ и новото филмско продолжение на Спајдермен.
Нема коментари