Трендсетерката Оливија Палермо ја продолжува успешната соработка со брендот Banana Republic, со нова, капсулна зимска колекција. Станува збор за 10 клучни парчиња за оваа сезона, претставени во шест стајлинзи, кои ги носи самата Палермо во промотивната фотосесија. Застапени се креации какви што и самата Оливија носи приватно, елегантен спој на класиката со модерното, со ретро нишка. Понудени се џемпери во различни форми (ролка, со голи рамена, како туника), кошули со кагласени ракави, фармерки и тексас кошула, капути и панталони со машки крој . Стајлинзите се надополнети со крзно, брошеви, мини чанта и епсадрили со реси.
Нема коментари