Змискиот принт заедно со леопардовата и зебра шарата се дел од есенскиот животински тренд кој го забележуваме во сите сегменти на модата. Предаторскиот отпечаток ја освои модната индустрија и речиси во секоја модна колекција за есен 2018 можевме да видиме животински шари. Се издвои змискиот принт кој веќе е популарен кај Инстаграм ѕвездите, кои пак можеме да ги земеме за пример како да го носиме овој тренд. Изберете змиски панталони и комбинирајте ги со едноставна маица, бела блуза и со кожена јакна. Добар избор е кошула –фустан или слип-здолниште со змиска шара. Сигурно нема да погрешите ако се одлучите за модни додатоци со змиски принт како широк ремен, чанта или чизми, кои даваат нова димензија на секоја комбинација.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари