Актерката Зое Салдана е новото лице од насловната страница на интернет-магазинот The Edit, а на фотографиите на Матео Монтанари таа позира во женствени и романтични креации во бела боја од Александар Мекви, „Бурбери“, „Валентино“, Оскар де ла Рента и Изабел Марант, кои одлично контрираат не нејзиниот прекрасен црн тен. Салдана во моментов е актуелна по тоа што ја снима ТВ-верзијата на култниот филм на Роман Полански „Розмариното бебе“, а во интервјуто за магазинот зборува и за новиот брак со уметникот Марко Перего, својата продукциска куќа и за новото продолжение на „Ѕвездени патеки“.
Нема коментари