Со танцов перформанс и неформално дружење на новинарите и повеќе јавни личности во скопскиот вински бар „Штала“ вчера беа одбележани 40 години од создавањето на легендарните жолти чизми на брендот „Тимберленд“. Посетителите имаа можност да остават својот отпечаток со жолта боја на патеката на стапалки. Меѓу присутните беа топ-моделот Катарина Ивановска, раперот ЛД Пистолеро и рокерот Бени Шаќири, кои се обожаватели на славните жолти чизми.
Овие револуционерни модни обувки со својот уникатен печат го дефинираат стилот, а водно се секојдневни удобни и модерни чизми. Тие ги надминуваат сите трендови и оставаат свој уникатен белег во поп-културата. На светската музичка сцена во овие модели најчесто може да се видат аренби ѕвездата Ријана, раперите и продуценти Канје Вест, Џеј Зи и други.
Нема коментари