Венчаниците на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад подолго време важат за едни од најпопуларните, особено кај оние идни невести кои преферираат бајковиден изглед на денот на својата свадба. Неговата нова колекција на венчаници за сезоната есен 2020 ја следи препознатливата естетика и носи нова доза на бајковидност, драматичност и романтичност. Претставена преку фотосесија снимена во природа, оваа колекција на Мурад содржи раскошни модели со форма на балски фустани, модели од тантела и проѕирен тул кроен во многу слоеви и модели со облик на сирена. За следната свадбена сезона дизајнерот покажа избор на различни силуети, раскошен вез и богатство од текстури.
Нема коментари