Емилија Кларк и Кит Харингтон пред неколку денови со една сцена ги шокираа обожавателите на „Игра на тронови“, но актерите што ги глумат Денерис и Џон Сноу во серијата во новата улога изгледаат безгрижно и весело. Новата улога е онаа на амбасадори на парфемот The One на Долче и Габана. Емилија и Кит се појавуваат на промотивните визуели и во видеоспотовите снимени во Неапол, во атмосфера која ги пренесува италијанскиот начин на живот и културата од улиците на градот. Видеата ги сними Матео Гароне, а во позадина се слуша неаполскиот хит напишан во 1965 година – Tu vuò fa’ l’americanо.
Нема коментари