• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ЕКЛЕКТИКА: Соединување на различни изрази, техники и материјали во еден дизајнерски свет

Од Катерина Трајановска · На мај 26, 2014

0

Поврзувањето на двајца различни дизајнери кои креираат со различен стил, материјали и техники резултираше со создавање на „Еклектика“, дизајнерски тандем со сосем соодветен назив. Зад „Еклектика“ стојат Моника Лозановска и Александар Баки Милев, а нивниот креативен свет ќе биде збогатен со отворање на заеднички простор во среда, во 19.30 часот, на 28 мај, во Капан Ан, а кој ќе функционира како работилница и галерија. Дизајнерите ни открија дека „Еклектика“ е создадена пред помалку од година дена, ама тлеела во нив веќе неколку години. „Целта на „Еклектика“ е предизвикот за надополнување на две различности. Цел е и обединувањето – на разни начини на размислување, стилови, ставови, идеи и материјали“, ни рекоа дизајнерите. И двајцата создаваат накит веќе подолго време. Александар Баки Милев има страст да проникне во суштината на елементите. „Да се материјализираат чувства, со помош на различни материјали од природата, да имаме способност да ги слушнеме и да ја разбереме нивната приказна и порака. Да може да се накитиш со неа и да носиш по една приказна за секој ден“, вели тој.

5

Интересот за накит кај Моника Лозановска започнува по долгогодишното искуство во изработка на аксесоари со нејзината мајка Олимпија, кое понатаму ќе ја инспирира да продолжи со школување во Фиренца, во училиштето за современ накит „Алкимија“. Тоа ѝ овозможува да учествува на годишната изложба на „Алкимија“ во градината Соноро во Фиренца во 2005 година. По стекнувањето на основните техники за работа со сребро, ја продолжува својата надоградба во Барселона во „Академијата за уметност и занаети“. Во меѓувреме, Моника го проширува своето знаење со посетата на летниот курс во Лисабон во „Контакто директо“, школа за накит и работа со течна пластика и плексиглас. По здобиеното искуство во странство, таа се враќа во Скопје за да го продолжи семејниот бизнис, збогатувајќи го со нови техники и иновативни дизајни. Во Скопје одлучува да го продлабочи своето знаење со изучување на филигранот, една од најстарите техники за изработка на накит. Благодарение на помошта од Министерството за култура на РМ ја отвора својата работилница во Старата скопска чаршија. Мора да се спомене дека во „Еклектика“ многупати до сега биле вклучувани луѓе со различни уметнички таленти, а креаторите изразуваат посебна благодарност до Елена Узуновски, графички дизајнер, која се погрижи за целиот имиџ на брендот.
Моника и Баки ги спои меракот за креирање накит и нивната еклектика е соединство од сребро, месинг, скапоцени камења, дрво, плексиглас, бакар, со мотиви на лалиња, очи, пајаци, но и апстрактни облици. Иако се збир на неспоиви елементи, и како што велат самите, спој на различни карактери,тие одлучија да создадат единство од повеќе дизајнерски изрази.

Растејќи во семејство во кое накитот е семеен бизнис, беше неизбежно Моника да се школува во оваа област  ФОТО: Благодарност до Skopjesenosi.mk

 >>Веќе некое време функционирате како „Еклектика“, а в среда ќе се случи отворање на вашата работилница и галерија во Капан Ан, во срцето Старата скопска чаршија…

Баки: Имавме среќа да го добиеме најубавото место во старата чаршија – Капан Ан. Ќе функционира и како работилница и како галерија, ќе може да се види и како се изработува накитот и воедно да се видат изложените експонати. Повелете на дружба во сенките на мистичниот Капан Ан, да сонуваме со чајче, добра музика и лаф муабет.

01

Александар музиката од дрвото што ја преточува во флејти, сега ќе ja отслика во нова колекција на накит

>>Дизајнирањето на накит стана доста актуелно во последниве години на домашната артистичка сцена. Како вие почнавте да создавате накит? Кој беше првичниот предизвик?

Моника: Да речеме секогаш започнува како хоби што во мојот случај не е така, бидејќи го работам ова од 10 години гледајќи ја мајка ми Олимпија, која изработува накит повеќе од 25 години, така што накитот секогаш беше присутен во мојот дом. Почнав да изработувам накит затоа што беше нешто што ме исполнуваше и нешто во кое уживав, на почеток забава, која се претвори во нешто попрофесионално. Со години бев опкружена со парчиња накит околу мене, веројатно знаев дека тоа и ќе биде мојата иднина.

01. Picture 012

>>Неодамна се претставивте на Super Design Pop Up Store и внимание привлекоа вашите ѓердани во облик на око, употребата на необични камења… Со кои материјали и техники преферирате да работите?

Моника: Каменот тигрово око беше појдовна иснпирација за колекцијата „Око” што се прошири со вметнување материјали од различен вид како сребро и месинг. Секогаш на прво место го ставам среброто како мој омилен материјал, потоа месинг, бакар, течна пластика… Ми се допаѓа инкорпорирање на различни материјали и текстури во моите парчиња, затоа што мислам дека тоа ги прави по еклектични.

Баки: Наскоро ќе има една колекција со мојата стара љубов – дрвото. Музиката од дрвото што ја преточував во флејти сега ќе биде отсликана во накит.

2

>>Како се „создава“ едно парче накит, од првичната идеја, преку нацрт, избор на материјали и камења?

Моника: Мислам дека најдобрите дизајни се оние наједноставните, затоа што колку повеќе мислите на еден дизајн, помала е веројатноста да излезе добар. Се случува да почнам со нешто замислено како ланче и на крај да излезе брош, затоа повеќето мои дизајни ги нарекувам happy accidents, кои се спој на секојдневните случувања околу мене.

Баки: Кај мене е обратен случајот, мене ме инспирира душата на конкретната личност за која е наменет накитот. Исто така сметам дека во секое парче, има скриена гордост, а предизвик е да излезе гордоста со завршеното парче, да ја видиш и да се ослободиш од неа. И кога ќе се дадат парчињата да остане прочистена убавина, и кај тој што ги носи и кај тој што ги искреирал парчињата накит.

4

>>Во вашите дизајни се среќаваат разни форми и мотиви, но и разни техники и материјали што соодејствува со називот „Еклектика“. Како успевате да споите повеќе елементи во еден дизајнерски израз? 

Баки: Ги спојуваме не само материјалите, туку и различниот уметнички израз што го носиме, како и животното искуството што ни се напластило, и сега експлодира во накитот кој се надевам ке биде безвремен.

1

>>Како функционирате двајцата во една работилница, ако се земе предвид  дека сте различни во дизајнот? Што е она што ве спои?

Баки: Не само по дизајнот, ние сме различни и како личности. Освен другарството главно што не спои е меракот за креирање накит. Сакам луѓето да се чувствуваат убаво додека го носат накитот барем исто толку колку што се чувствуваме ние додека го правиме.

7

>>Креирате само по своја идеја и инспирација, или и по идеја и нарачка на клиентот?

Баки: Веќе кажав дека мене ме инспирира конкретната личност за кого го изработувам накитот… Имам среќа да добивам одврзани раце слободно да ги материјализирам моите идеи.

Моника: Како што спомнав идеите се инспирација од секојдневни случувања, еклектика сепак е бренд за сите „Само-украсувачи“, „Носачи“, колекционери и љубители на филигран, сребро, месинг, бакар… Но секогаш сме отворени да ги задоволиме и побарувањата на клиентот.

3

6

skopjesenosi.mkАлександар Баки Милевдизајн на накитмакедонски дизајнериМоника Лозановсканакит„Еклектика“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics