Кога фановите на серијалот „Ѕвездени патеки“ ќе видат обетка на цела ушна школка, веднаш ги асоцира на моделот што го носат Бајоранци. Посебно по ваквиот моден додаток е позната капетанката Кира Нерис (толкувана од Нана Визитор) во серијалот Star Trek: Deep Space Nine. Во серијата обетка е традиционален накит што Бајоранците ја носат на десното уво, како симбол на нивната вера. Кај секој е индивидуализирана и е со симболот на своето семејство. Но, Ear Cuffs моделот во панк-модата во 80-тите и 90-тите години имаше повеќе допирна точка со бунт против конвенционалноста.
Со враќањето на панк-рок трендовите во колекциите на брендовите за секојдневна и младешка облека, се врати и оваа обетка.
Покрај металните елементи, кои потсетуваат на панкот, оваа обетка сега се појавува во различни стилски варијанти, од модели со фигури како змај, пајак, пепетурка или цвеќиња, преку парчиња со кристали, пердуви и панделки.
Нема коментари