Еден од најпознатите и највлијателните готвачи во светот Рене Реџепи зад себе ја остави приказната за неговиот наградуван ресторан „Нома“ во Копенхаген и гастрономскиот виртуоз неодамна го претстави новиот амбициозен проект наречен Restaurant 108. Реџепи, кој по татко е Албанец од Македонија, во данскиот главен град го отвори својот нов ресторан, на местото на стар индустриски магацин, кој е преуреден во ресторан од страна на архитектонското студио SPACE copenhagen. Дизајнот на ресторанот е мешавина на инсдустриски со скандинавски стил, задржувајќи ја индустриската структура, ладните бои и бетонот, но со вметнување на поживи бои како зелена и валкано розова, и дрвени маси со заоблени агли и мебел кој е дизајниран и изработен по мерка специјално за Restaurant 108 од страна на SPACE copenhagen. Сестринскиот ресторан на познатиот „Нома“, отворен во јули годинава нуди полежерни мени и непретенденциозна атмосфера, пониски цени и можност за семејно дружење.
Нема коментари