Модниот бренд Guess ја претстави пролетната колекција на модни додатоци, во која ги има скоро сите модели и димензии на чанти, од класични за деловен изглед до мали и вечерни, но неколку модели привлекоа внимание со својот разигран и весел стил и кои одговаат на оние вљубениви во модата со младешки стил. Од оваа колекција ги издвоивме следниве модели – жолта чанта со цртан лик, со метален ланец и привезок во вид на прашалник, која го следи трендот на апликации на чантите, и ранец со истиот мотив, кој се повикува на актуелноста на ранците во модата во периодов. Третиот модел – бела чанта со две срциња, е наменет за оние што сакаат необични, но не толку откачен стил.
Нема коментари