Британската манекенка Адвоа Абоа влезе во дизајнерските води и создаде капсулна колекција на накит во соработка со брендот Џон Харди и креативната директорка Холи Боневил Бардем. Таа креира 34 парчиња на обетки, прстени, ѓердани, а вели дека колекцијата е инспирирана од нејзиното семејно наследство. Омилени ѝ се парчињата од злато и кристали, а при креирањето била водена од жените во нејзината околина, мајка ѝ, сестра ѝ, пријателките и накитот кои тие сакаат да го носат.
Адвоа потекнува од мешано семејство, мајка ѝ е бела и е сопственичка на многу влијателна агенција за моден менаџмент во Лондон, а татко ѝ потекнува од Гана и исто така успешно работи на британската модна сцена. Од ова семејно потекло произлегува и инспирацијата, па парчињата што ги дизајнира го имаат печатот на нивното семејно „племе“. Накитот е ексклузивен, но е наменет да се носи на многу природен начин, а не да се чува во кутија.
Нема коментари