• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Александра Иванова: Обетки расцутени од внатрешно чувство на радост

Од Ана Несторовска · На мај 11, 2016

Aleksandra Ivanova003
Маѓепсана од раскошот и боите на природата, одушевена од духот и приказните на градовите и водена од срцето и внатрешното чувство на радост, дизајнерката на накит Александра Иванова неуморно создава уникатни приказни. Искрената, весела нишка ја почна со ѓерданите и обетките- „Наши луѓе“ и со „Софија филигранска“, продолжи со брошевите-булки, па создаде нов свет со ѓерданите-градови , на кои се надоврза со пеперутка-вратоврски, за сега да засади нова цветна приказна. Со расцутување на пролетта, во нејзиното топло, интимно ателје во својот дом на реката Брегалница во Штип ја распосла дизајнерската фантазија создавајќи обетки-цветови наречени Florela. Тие се најава за една поголема колекција со ѓердани-букети.
-Сè што правам е водено од едно внатрешно чувство на радост кое го следам, и тоа ми е некој критериум дека нешто треба да направам. Ако нешто ме радува ми носи возбуда, веднаш го вадам на виделина :) Цртањето ми е баш тоа- нешто кое ме радува. На ѓерданите со градови и лептирките цртав со фломастери и други бои, ама многу ме привелкуваше акварелот, па можам да кажам дека тој е двигателот на ова пролетно цветање. Скроз ми е маѓичен тој начин на боење, неговата непредвидливост, разлеаноста на бојата, мешањето и чуството дека самото си се бои. Во боењето има нешто маѓично, нешто чудесно, детско, терапевтско… откривањ, возбуда и ослободување. Свесна сум дека целиот мој занес и задлабоченост и тоа колку повеќе димензии јас ќе досегнам во правењето накит, толку ќе пренесам на другите. Можам слободно да кажам дека дизајнирањето за мене е мултидимензионално патување по себе си или истовремено дизајнирање на себе, откривање на нови простори, што ме доведува до една конечна леснотија, која изгледа на крај станува толку блиска и препознатлива за другиот-вели Иванова.

Aleksandra Ivanova002

>>Цветовите често се јавуваат како мотив во твојот накит, особено булките. Како би ја опишала твојата конеција со цветовите?
- Пред некој ден набљудував минијатурни цветови на една ливадичка, каква совршенсот …
Моќта да се приметуваат најмалите детаљи, ситниците, да се примети најмалиот цвет на една ливада меѓу стотици други, да се види значењето на тој цвет, убавината совршенството… Е таа моќ е посебна внесеност , концентрација или како што ја викаат- медитација. Такви цветови цртам јас, видени, доживеани одвнатре, до таму до кај со сум можела да се внесам, а сигурно може до недоглед. Како што пее хаикуто, да станеш ти самиот цветот, да се изедначиш во перцепцијата. Изгледа тоа го пренесувам.

>> Кои се главните карктеристики на Florela , какви материјали , форми и бои користеше ?
- Бидејќи сакам да цртам и бојам, подлогата си ја правиме сами да биде впивлива како хартија и да ја прима бојата цртам на медијапан со сликарска подлога формите ги сечеме на ЦНЦ машина или рачно со рам и пилички во зависност од моменталната приказна (во овој дел од процесот ми помага сопругот Александар,тој има познавање од сликарска технологија и мислам дека знае да медитира додека сече со пиличка:).

Aleksandra Ivanova005
>> Обетките го задржуваат твојот артистичкиот стил, со рачно цртани шари. Во која нишка ја продолжуваш приказната од претходните колекции, а што е ново во оваа колекција?
- Нишката која ги поврзува сите работи кои ги правам е таа радост која јас ја доживувам и ептен сакам да ја споделам . Самоук дизајнер сум, се водам од срцето, слушам од внатре и за се наредно дознавам во чекор.

>>На каков тип на девојки и жени ги замислуваш моделите од Florela?
-Верувам дека секој човек е уметник и тоа кое го правам е некаков код на уметникот внатре во мене и во секого. Секој би можел да го препознае својот уметник преку нешто да го разбуди и да го живее. Јас тоа то правам преку накитот, го живеам уметникот, детето, радоста и креативноста. Секој кој ќе се препознае добива двојно-накит и будење . :)

Aleksandra Ivanova004

>> За твоите креации има голем интерес. Дали ќе имаме можност да те видиме на некој настан, базар или изложба во метрополата? Каде може да се купат твоите уникати?
-Бескрајно сум благодарна за можноста да пренесам преку накит да се сретнам со другите во тие симболи. И навистина тоа има такви размери и така се шири што ми прави и мене предизвик како човек да растам и да се ширам за да ги опфатам сите . Има еден многу важен момент за мене во тој контакт со луѓето кога тие ќе си го добијат накитот и се среќни мојата благодарност кон нив мислам е бескрајна тој момент да ЗАБЛАГОДАРАМ ми е врвот на се кое го правам. Не стигнувам да учествувам на базари зашто имам некој свој внатрешен ритам кој го следам, па интернетот е прав благослов во мојот случај.

Aleksandra Ivanova001

>> Ѓерданите со градовите станаа едни од најпрепознагливите парчиња накит со потпис на македонски дизајнер. На нив се надоврза и со машка верзија-вратоврските-пеперуги, со што пак подигна еден нов тренд. Имаш ли евиденција каде сè во светот „прошетаа“ ѓерданите и пеперутките-градови?
-Најинтересно е дека накитот кој го правам во ова наше прекрасно станче покрај Брегалница во Штип од каде што јас го гледам цел универзум го прошета светот . Јас физички многу малку имам патувано. Но, моите дизајни патуваат за мене :)

>> На што си посветена овој период, од каде собираш инпирација и сила за работа, каде е стационирана твојата работилница сега?
- Посветена сум на тоа да вежбам фокус на идеи кои ги има во изобилие оти кога имаш таква ситуација со многу идеи знае да бега фокусот и и да се одрази на реализацијата. И така добро ми оди, си честитам . Oвие вежби ќе допринесат да пренесам уште повеќе животна радост од себе на овој прекрасен свет.
Aleksandra Ivanova006

gerdan2

Обетките се најава за цветна колекција ѓердани

 

FlorelaАлександра Ивановавратоврски-пеперушкиѓерданиѓердани - градовимакедонски дизајнери на накитобеткиобетки-цветовипеперуткиШтип
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • nike shzk (8)

    VIVA LA REEZICK: Новите патики Air Max Viva и производите на „Шизик на ризик“ го одбележаа денот на Air Max

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • 2

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Фармерки + дамско сако

    април 9, 2021
  • belgraders in belgrade

    Инстаграм профил кој го лови автентичниот уличен стил на Белград

    април 9, 2021
  • 6

    Шик идеи за деловни комбинации погодни за променливото пролетно време

    април 8, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021
  • 1 louis-vuitton

    Louis Vuitton ја откри новата хипнотичка фасада на својот бутик во Токио

    март 29, 2021
  • 1

    Јапанди најпопуларен тренд на уредување на домот

    март 23, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics