Вниманието што им го посветувате на своите раце во негата и украсувањето, многу зборува за вашиот однос кон убавината и модата. Покрај изборот на соодветни креми и пристојниот маникир, кај трендсетерките себеизразувањето продолжува и со украсување со прстени, часовник и алки. Иако се малку подзаборавен моден детал, поради експанзијата на китењето со многу прстени, масивни ѓердани и обетки, алките сè уште важат за детали кои го комплетираат имиџот. Доколку не се осмелувате да искомбинирате големи обетки и крупни ѓердани, тогаш било кој од овие детали може слободно да го споите со белезици.
Овие модни окови не ве ограничуваат во комбинирњето, напротив ве ослободуваат. Можете во неколку слоја да споите синџирџиња за раце од разлилни материјали со различни бои и форми. Стилистите охрабруваат да искомбинирате две или повеќе големи алки. Не е страшно ако тие бидат споени и со часовници или со повеќе прстени. Еден новите трендови во уличната мода и меѓу блогерите е комбинирање на алките со чантите.
Ако по некои модни правила чантата треба да биде во тон со коланот или со чевлите, сè почесто се оди на комбинирање со накитот, посебно со алките. Тие се вратија и на црвениот килим, но и на пистите. Најголема понуда има во пролет-лето 2014 линијата на „Шанел“, кој покрај шарените и темални модели има и такви со бисери, но шарени пластични парчиња.

„Шанел“ ги врати алките во својата пролетна колекција
Нема коментари