Супер ѕвезди, сопружници и главни протагонисти во новиот филм By the Sea, Анџелина Џоли и Бред Пит позираа во заедничка фотосесија за италијансото издание на Vanity Fair. Десет години по снимањето на „Господин и госпоѓа Смит“, двајцата познати актери повторно се заеднички филм, овојпат режиран од Џоли и кој ја следи приказната за брачен пар во криза. Како дел од промотивната кампања за филмот, Анџелина и Бред се појавија во неколку интересни фотосесии за различни магазини (таа во Vogue, тој во V Magazine), а оваа последната за Vanity Fair ја сними познатиот фотограф Питер Линдберг.
Нема коментари