Препознатливи пакувања на прозиводи што се среќаваат во супермеркет, биле иснпирација за новите, уникатни модели на чанти со потпис на британската креаторка на модни додатоци, Ања Хајндмарч. На ревијата во музејот Тејт, во рамките на Модната недела во Лондон, таа презентира кожени чанти во различни форми, со впечатливи тонови – жолта, потокалова, сина, зелена. На нив се најдоа амблемите од кутиите за корнфлекс на Kellogg’s, ќибритот Swan, прашакот за перење како „Ариел“ и други. Манекенките се појавија униформирани во бели фустани со шарени марами.
Нема коментари