Манекенката Ања Рубик се појавува на насловната страница на The Edit, познатиот неделен онлајн магазин на Net-a-porter, во бројот кој е посветен на деловниот стил и бизнис релациите во модата. Затоа Ања позира во креации кои го отсликуваат современиот бизнис стил, како волуменозните сакоа на „Баленсијага“, карираните палта и сакоа како актуелен тренд за есен-зима 2017/18, потоа задолжителните панталони со поширок крој и современа верзија на класична сино-бела кошула. Таа носи креации на Келвин Клајн, Изабел Марант, Theory, Марк Џејкобс, Стела Макартни, избрани од стран на стилистката Орелија Доналдсон, а фоторафиите се на Бу Џорџ.
Нема коментари