Познатата стилистка и модна икона Ана Дело Русо отвори свој ресторан во гратчето Цесторнино, во регионот Апулија, југоисточна Италија
Јадете вкусна апулиска фризела (италијански frisella, кај нас се среава како и фриза или фрисела), зачинета со домат и босилек, придружена со чаша вино во дворот во историскиот центар на Цистернино. Едноставна идеја што станува посебна, доколку ја реализира Ана Дело Русо. Токму во ова гратче и со гокус на фризелата, Ана отвори свој ресторан.
Фризелата е карактеристична за областа Апулија, тоа е тркалезно тврдо лепче со дупка на средина, направено од печено брашно од тврда пченица, а врз кое потоа се додава одредена храна, најчесто домати, моцарела, пршута и босилек.
Фризелата е главен специјалитет во ресторанот „ФриселАна“ што познатата стилистка го отвори на југоистикот на Италија. Под мотото „размислувај глобално, дејствувај локално“, Ана вели дека „ова место е биде „контејнер“ кој цели да ја промовира покалната територија, добредојден за сите италијански и апулски екселенции и малите занаетчиски бизниси кои денес често ги водат новите генерации“.
Нема коментари