• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Пустината Атакама во Чиле гробница на брзата мода

Од stylist @StylistMKD · На ноември 16, 2021

atakama (3)

Прекумерното производство на таканаречената „брза мода“ која најмногу се продава во светот поради ниската цена и брзото следење на модните трендови, создава планини ѓубриште во чилеанската пустина Атакама. Фотографиите и видеата од оваа гробница на облека се застрашувичка, и секако аларманти

Пустината Атакама стана депонија за остатоци од брза мода и облека што не е продадена. Истражувањата покажаа дека глобалното производство на облека се удвои меѓу 2000 и 2014 година, и само продолжи да расте во последниве години. Европејците годишно фрлаат 11 килограми текстил, а речиси 90 отсто од искористената облека изгорува или завршува на депониите. Освен што се произведува повеќе облека, луѓето купуваат и повеќе, па причина за поголемото производство е одговор на зголемената побарувачка која се создава од големиот избор што потрошувачите го имаат секојдневно пред себе во продавниците. Секогаш сакаме повеќе, секој ден гледаме нешто ново што е подобро од она што веќе го поседуваме.

Атакама во Чиле е најсувата пустина во светот, сега е местото каде што завршуваат речиси 40.000 тони облека која доаѓа од Кина или Бангладеш, откако ќе помине низ Европа, Азија или САД. Облеката што нема да се продаве се доставува до чилеанското пристаниште Икике за да се препродава во земјите од Латинска Америка. Годишно пристигаат околу 59.000 тони облека, повеќе од половина не успева да се продаде ниту во Латинска Америка и затоа завршува во пустината Атакама.

Најголем проблем е што облеката не е биоразградлива и содржи многу хемиски состојки, па затоа не може да се фрла во депонии за мешан отпад. Се смета дека се потребни 200 години за да се разгради облеката во Атакама, а проблем е што таа испушта хемикалии кои дополнително ги загадуваат воздухот и водата.

Брзата мода, иако е достапна, исклучително е штетна за околината. Модната индустрија е одговорна за речиси 10 проценти од емисиите на јаглерод во светот. Штетните бои што се користат при боење и преработка на текстил се одговорни за 20 проценти од глобалното загадување на водата, а големи количини микропластика се испуштаат во животната средина за време на производството.

atakama (4)

Иднината на модата, особено на брендовите со пристапни цени, секако е во намалувањето на производството на отпад, поголемото рециклирање и употребата на повеќе природни материјали, но и поголема одговорност на нас како потрошувачи. Модата ни помага да се изразиме себеси и нашата личност во најдобро светло и да се чувствуваме добро во сопствената кожа, но секој поединец треба да биде свесен колку прекумерната потрошувачка и производството ја загадуваат планетата на која живееме. Проблемот со отпадот во модната индустрија е исклучително голем, а за напредното општество во кое живееме денес, нискиот процент на рециклирање производи е многу поразителна бројка.

Едно од можните решенија е во концептот на кружна мода, односно модна одржливост. Тоа не вклучува само природни материјали или купување на second hand облека, туку и идејата е дека отпадот всушност не постои во модата, туку секое парче може да се пренамени во нешто друго.

fast fashionАтакамабрза модагробница на брзата модаекологијамоден отпад
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics