Најголемата модна ноќ во годината традиционално се одржува во првиот понеделник во мај, во форма на гала свеченост во пресрет на големата модна изложба во њујоршкиот музеј Метрополитен. Овогодинешната тема на изложбата е авангардното творештво на јапонската дизајнерка Реи Кавакубо (74) која креира под брендот Comme des Garçons.
Во организацијата на оваа годишна модна екстраваганза покрај Институтот за костими при Метрополитен музејот, вклучена е и Ана Винтур и Vogue. Уредничката има клучна улога во повеќе сегменти од овој настан, на кој годинава беше домаќинка заедно со Кети Пери, Фарел Вилијамс, Жизел Бундшен и Том Брејди. За жал, на црвениот килим на Мет Гала 2017 доминиараа и Карадашијан/Џенер и сличните ликови, чии појави се толку многу далеку од естетиката на Кавакубо…
Кавакубо, позната по ставот за анти-мода и по тоа што преку својата работа ги предзвикува конвенционалните поими за убавина, вкус и мода воопшто, е тема што тешко може да се преведе на црвениот килим и во изборот на познатите личности гости на настанот. На Мет Гала некои тоа успешно го направија вметнувајќи ги препознатливите елементи на дизајнерката – црвената боја, волуменозната силуета, оригами стилот и архитетонската естетика, а ова е нашиот избор на поавангардни и повпечатливи изгледи од вчерашниот настан.

Кети Пери и Ријана со највпечатливи стајлинзи на Мет Гала – Пери во креација на Џон Галијано за Maison Margiela, Ријана носи модел на Comme des Garçons

Клучна улога во Мет Гала иа уредничката на Vogue, Ана Винтур, облечена во „шанел“, а на настанот беше и нејзината ќерка Би Шефер (Александар Меквин) со вереникот Франческо Кароцини
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари