Модната куќа „Луј Витон“ по повод соработката со уметникот Џеф Кунс организира вечера со познати личности во Музејот Лувр во Париз. На настанот на кој се слави новата ексклузивна колекција беа повикани миленичките на дизајнерот на „Луј Виотн“ Николас Гескиер, и негови долгогодишни музи – Џенифер Конели и Мишел Вилијамс, потоа филмските ѕвезди Кејт Бланшет и Кетрин Денев, Кјара Ферањи, Миранда Кер и Џенифер Анистон. Повеќето беа облечени во авангардни креации со потпис на брендот.
Нема коментари