Откако Демна Гвасалија луксузната модна куќа „Баленсијага“ ја доближа до street style естетиката, прикажува стилови и парчиња кои излегуваат од шаблонот на „висока мода“. Еден тренд што го започна во колекциите на „Баленсијага“ се гломазните и „грди“ патики, кои што порано се сметаа за дел од облекувањето на повозрасните кои сакаат да носат удобни обувки (затоа се нарекуваат granpa shoes и dad sneaker, што би се превело патиките на дедо и на тато).
Но, гломазните патики станаа ултра популарни и претставуваат важен сегмент од стилот на ѕвездите на уличната мода. А „Баленсијага“ продолжува да претставува нови модели, после првата успешна серија наречена Track, еве ги новите Track патики, на кои силуетата и дебелите нагласени ѓонови се инспирирани од спортските патики за трчање и чевлите за планинарење.
Нема коментари