Класичните балетанки се содржаен дел од гардеробата скоро на секоја жена, но оваа сезона надололнети со врвки станаа чевлите што блогерките најмногу ги помовираа на нивните блогови и Инстаграм-профили. Се актуелизираа откако се појавија во пред-есенската колекција на „Тиби“, а потоа во поелегантна верзија ги забелeжавме во летната колекција на Мајкл Корс и кај брендот за чевли Aquazzura.
Комфорни и во исто време елегантни, балетанките со врвки може да се комбинираат со различни стилови, од рокерски изглед со фармерки и кожена јакна, преку кежуал комбинација со шорцеви и маичка, до елегантен микс со женствено широко здолниште и кошула. Исто така, овој модел на чевли се одличен избор за дополнување на деловниот изглед во лето и потполно ги заменуваат сандалите во канцеларија. Навистина постојат безброј комбинации со овие модерни балетанки, како за полежерни, така и за посвечени пригоди.
Нема коментари