Креативниот директор на модната куќа Балман, Оливие Рустен, се инспирира од едно од најслатките животни задоволства – чоколадото, и претстави линијата на модни додатоци во облик на штангла чоколадо. Неколкуте модели на чанти со 3Д изработена кожа во облик на чоколаdна штангла веќе стануваат посакувани кај вљубеничките во модата.
Ги има во две форми – правоаголна и квадратна, како и во неколку бои од кои најхит се оние во карамел-кафена. Украсени се со златни детали и со неколку вида на рачки.
Нема коментари