Класична и елегантна, беспрекорно испеглана за уреден изглед, белата кошула е задолжителен дел не само од машкиот, туку и од женскиот гардеробер. Се вклопува во секаков стил, но често е главен елемент од деловниот изглед. Некогаш се носи во формални пригоди во средини со построг бизнис стил, но подеднакво добро стои и во полежерни комбинации кои одговараат на одредени професии. Всушност, во зависност од карактерот на професијата и соодветниот дрескод, може да се носи со класични панталони, фармерки, здолништа, со сако или пролетен ленен блејзер, со салонки, мокасини или полежерни обувки.
Нема коментари