Белите фармерки повторно се моден хит и трендесетерките ги одбраа како јасен летен тренд. Веројатно секоја девојка и жена поседува барем еден пар фармерки, а по доминацијата на класичните тегет модели, тесните сиви и црни, време е за фармерки во бела боја.
Оваа сезона преовладуваат широки фармерки со висока половина и минималистичките комбинации. На Инстаграм и на Пинтерест најчесто среќааваме бели фармерки во микс со еднобојни или маички со пруги, влечки или сандали со тенки ремчиња, беж ленено или класично сако, и чанта во bucket-модел или сламена торба.
Вљубеничките во модата оваа сезона преферираат поедноставни комбинации со бели фармерки, но оние кои што негуваат малку повеќе разигран и бохо-стил, фармерките ќе ги носат со романтични блузи, многу накит, бохо-сандали и чанти.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари